Азар се враќа против Атлетико Мадрид?

by
1 минути читање

„Марка“ и „АС“
известуваат дека рехабилитацијата на Еден Азар од повредата со која се здоби
претходната седмица тече во полн ек, меѓутоа и подобро од што се очекуваше, па
така Белгиецот би можел да се врати за околу три седмици.

Се верува дека
офанзивецот би можел да настапи на мадридското дерби против градскиот ривал
Атлетико на 7 март, а тоа воедно се совпаѓа и со последната изјава на тренерот
Зинедин Зидан кој посочи дека рехабилитацијата на Белгиецот ќе трае две до три
седмици.

Азар мака мачи со
повредите од самото доаѓање во Реал Мадрид по трансферот од Челси, а во новата
сезона беше ограничен на осум настапи на кои постигна и два погодоци во дресот
на „Кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×