Повеќе европски
гиганти пријавуваа интерес за 27 годишниот напаѓач на Торино, Андреа Белоти, а
сето тоа на крајот се сведуваше само на шпекулации низ медиумите, па тој остана
во редовите на италијанскиот прволигаш.
Како и да е,
италијанските медиуми наведуваат дека Милан и Јувентус се сериозни во намерата
да се засилат со него во летниот преоден рок кога тој ќе влезе во последната
година од актуелниот договор со Торино.
Јувентус е
заинтересиран, меѓутоа тамошните медиуми посочуваат дека тешко дека Белоти би
го облекол дресот на „Старата дама“, па му даваат предност на Милан, лидерот во
Серија А во моментов е фаворит за потписот на напаѓачот кој постигна 11
погодоци на 20 настапи сезонава, или вкупно 103 на 213 настапи од моментот кога
го облече дресот на Торино во 2015 година.