Упамекано го одбра Баерн Минхен

by
1 минути читање

Германскиот првак
Баерн Минхен е во пол позиција за потписот на централниот дефанзивец на
Лајпциг, Дајот Упамекано кој долг период се поврзуваше со можен трансфер во
англискиот шампион Ливерпул, а се споменуваше и Челси.

Новинарот на „РМЦ
Спорт“, Лоик Танзи веќе објави дека 22 годишниот стопер ја донел финалната
одлука околу својата иднина, а наводно тој го одбрал Баерн Минхен, а „Баварците“
не би имале никаков проблем во тоа да ја исплатат неговата откупна клаузула во
висина од 42 милиони евра.

Упамекано долго
беше на радарот на „Баварците“, а тие во него гледаат идеална замена за Давид
Алаба, кој на лето си заминува како слободен играч на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани