Рајола го интересираат само парите, агентот постави чудни услови за Донарума да потпише нов договор

by
1 минути читање

Џиџо Донарума ги одработува последните месеци од договорот со Милан и подолго време се водат преговори за продолжување на сорабоката.

Се говори дека „росонерите“ се подготвени на маса да стават договор до 2026 година со плата од 7 милиони евра, плус бонус од 1 милион евра за пласман во Лигата на шампиони и плус бонус од 1 милиони евра за освојување на Скудетото.

Од друга страна, Мино Рајола бара платата без бонуси да изнесува 10 милиони евра годишно.

Што е уште почудно, агентот бара договорот да биде во трајност само до 2023 година. Мино Рајола очекува до тогаш да биде надмината коронавирус кризата, па на својот клиент да му обезбеди уште поголема плата.

Се верува дека агентот бара и откупна клаузула со која Џиџо Донарума ќе може полесно да замине од Милан доколку во иднина се реши за нов предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×