Актуелниот договор на Бензема истекува во јуни 2022 година, Реал Мадрид сака да продолжи со 33-годишниот напаѓач, но тој нема да брза.
Пред 12 години Флорентино Перез се качи во авион и одлета во Лион да го добие потписот на тогаш младиот Бензема кој се споредуваше со бразилскиот Роналдо. Французинот сега уште постигнува голови за кралскиот клуб и е главен игирач во нападот.
За многумина тој е пример како треба да се однесува еден фудбалер, никогаш не правел проблеми во клубот, а сега повторно ја покажува неговата големина. Тој сака прво да се увери дека ќе биде во добра форма пред да потпише нов договор со Реал Мадрид, многумина на негово место веднаш би прифатиле продолжување на соработката.
Бензема сака да ја заврши кариерата во Лион, но доколку физички може би одиграл уште неколку години во Реал Мадрид.