Баерн Минхен владее со светот, Баварците дојдоа до уште една круна, овој пат станаа светски шампиони откако го совладаа Тигрес.
Мексиканскиот тим направи историски успех откако стигна до финалето како прв од конкакаф зоната на кој му успеало тоа, но победа и против Баерн Минхен беше преголем залак.
Баерн Минхен постигна гол и во 18. минута, тогаш Кимих ја затресе мрежата но ВАР го поништи голот затоа што Левандовски беше во офсајд а топката помина под него.
Но по 15 минути игра во второто полувреме конечно Баварците го скршија отпорот на Тигрес и преку Павар постигнаа гол кој значеше победа.
Баерн Минхен стана само вториот тим во светот кој успеал да освои шест титули во една сезона, тоа претходно го направи Барселона во 2009 година.