Рајола одбива да прецизира што ќе се случи со Донарума и Ибрахимовиќ на лето

by
1 минути читање

Агентот Мино
Рајола одби да прецизира нешто поконкретно за ситуацијата со договорите на
Џанлуиџи Донарума и Златан Ибрахимовиќ со Милан, кои истекуваат на лето.

Италијанскиот
агент е во Милано и даде изјава за медиумите во однос на таа тема, меѓутоа
неговата изјава не беше ништо конкретна, па дури побара јавноста да го остави на мира Донарума, а што се однесува пак до Ибрахимовиќ, тврди дека неговите претходни претпоставки излегле точни.

Донарума е
одличен, исто и Ибрахимовиќ…
“ одговори Рајола на прашањето каква е
ситуацијата со фудбалерите кои се негови клиенти.

Морате да го
оставите Донарума на мира, тој се обидува да постигне нешто посебно со Милан и
неговата кариера, а што се однесува пак до Ибрахимовиќ, тој воопшто не ме
изненадува, претходно напоменав дека тој е единствениот кој може да го спаси
Милан, тоа се покажа како точно
“ додаде Рајола.

Во однос на
Ибрахимовиќ, нешто поконкретен беше техничкиот директор на „Росонерите“, Паоло
Малдини, кој претходно наведе дека шведскиот ветеран се уште не донел финална
одлука околу неговата иднина, префрлајќи ја топката на спротивната страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×