Шефот на
стручниот штаб на Њукасл, Стив Брус откри дека бил предмет на закани по својот
живот во досегашниот период менаџирајќи го клубот од „Стемфорд Бриџ“ каде дојде
со не баш позитивни оценки од навивачите на клубот.
Брус не е дел од
социјалните мрежи, меѓутоа тврди дека членови на неговото семејство му покажале
дел од смртните закани кон него, а некои навивачи отишле дотаму што му посакале и
да умре од последици со коронавирусот.
„Лично бев
вознемирен, станува збор за смртни закани по мене и слични работи, јас не сум
дел од социјалните мрежи и не ги следам тие случувања од блиску, меѓутоа луѓето
кои ми се блиски ми укажаа на тоа, тие секако се грижат за својот татко и јас
морам да се справувам со сето тоа“ вели 60 годишниот Брус во период кога
судијата Мајк Дин се здоби со смртни закани по доста спорната одлука за црвен
картон за фудбалерот на Вест Хем, Томаш Сучек во ремито без голови против Фулам,
за што англискиот фудбалски арбитар викендов ќе паузира.
„Не сум сигурен
во тоа дали овие луѓе имаат граница до каде можат да одат, но само знам дека во
разговор со моето семејство изминативе неколку денови за случајот со Мајк Дин,
сето тоа ми го привлече вниманието бидејќи минав низ истото сценарио“ додава
тој.
„Ова нема смисла,
треба да престане, ова е ужасно, на моменти губите здив кога ќе ги прочитате
тие коментари како на пример кога ми посакаа да умрам од коронавирус и
слично…“ посочи Брус.
Њукасл во
моментов е на сигурна позиција во поглед на опстанокот во Премиерлигата,
односно има предност од десет бода во однос на Фулам кој е на првата позиција
за испаѓање во понизок ранг.