Де Брајне се лути, Сити нема пари да му ја зголеми платата но има за огромните примања на Меси

by
1 минути читање

Белгиецот е во
преговори со Манчестер Сити за продолжување на соработката, но двете страни се
далеку од постигнување согласност.

Според пишувањата
на Атлетик, Кевин де Брајне е лут на управата откако добил понуда да го
продолжи договорт за плата помала од онаа која ја заработува во моментов
(250.000 фунти неделно).

„Граѓаните“ се
правдаат дека ова е поради ефектот на пандемијата од коронавирус, но Де Брајне
не им верува бидејќи често има шпекулации за пристигнување на Лео Меси и
Манчестер Сити нема да штеди за ангажман на Аргентинецот, кој ќе треба да има
примања од преку 50 милиони евра годишно.

„Де Брајне
најверојатно ќе стави потпис на нов договор, но прилично е лут. Од добри извори
слушнав дека Де Брајне им се пожалил на соиграчите од Белгија дека понудата е
помала од она што тој го заработува во моментов. Додатно, Сити е подготвен да плати
онолку колку што ќе побара Меси, и Де Брајне верува дека заслужува повеќе
поради се она што има сторено за клубот“
– вели новинарот Сем Ли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×