Барселона објави видео од спорниот момент кое претходно не беше достапно за јавноста: Има ли пенал над Алба? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона синоќа
загуби со 2-0 на гостувањето кај Севиља во полуфиналето од Копа дел Реј, а по
крајот на натпреварот, Роналд Куман се пожали дека не им бил досуден пенал.

„Имаше пенал за
нас и не беше досуден. Доколку се користи ВАР, мора да се досуди пенало. Судијата
добри си ја вршеше работата, но постои сомнеж за пеналот. Сите ми рекоа дека е
пенал, и не само луѓето од Барселона, па морам да им верувам. Не знам зошто ВАР
не се огласи, веќе се направени доволно грешки“
– изјави тренерот на „каталонците“.

Попладнево на
социјалните мрежи Барселона објави видео од дуелот помеѓу Алба и Сусо. Камерата
е на само неколку метри од играчите и претходно јавноста го нема видео овој
агол од спорниот момент.

Судијата Лахос
сметаше дека прекршокот е надвор од шеснаесетникот а од ВАР собата не се
огласија. Погледнете и проценете сами дали Барса требала да добие најстрога
казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×