Не баш сите
фудбалери на Ливерпул се наоѓаат во ситуација во каква се наоѓа Ендрју
Робертсон во поглед на легендата на клубот, Стивен Џерард, инаку моментално
тренер на шкотски Глазгов Ренџерс.
Робертсон почнал
во младинскиот погон на Селтик, најлутиот ривал на Глазгов Ренџерс, па бекот не
крие дека не може нешто да му се допаѓа, а тоа да е во Глазгов Ренџерс.
„Ова е една доста
чудна и необична ситуација, нели?“ изјави Робертсон.
„Доаѓање на тренинг
центарот на Ливерпул, го гледаат како посебен на теренот, сите го сакаат, сите
сакаат да се во добар однос со него…“ додава тој алудирајќи на првичниот
впечаток откако зачекори на „Енфилд“.
„Секако дека
немам ништо против него, меѓутоа јас израснав како голем навивач на Селтик, а
тоа доведува до ситуација ништо да не ми се допадне во Глазгов Ренџерс“ заклучи
Робертсон.