Тотнем одбива,
барем во овие моменти да го пушти Деле Али на позајмица во редовите на
францускиот првак ПСЖ, и покрај фактот што фудбалерот е во милост и немилост
кај својот тренер Жозе Мурињо.
Големи беа
очекувањата „Спарси“ да му дозволат на својот фудбалер да си замине уште овој
месец, а ПСЖ веќе го реобнови интересот за негов ангажман, особено откако
клупата на „Светците“ ја презеде поранешниот предводник на Премиерлигашот,
Маурицио Покетино.
Меѓутоа, се
верува дека повредата на Џовани Ло Селсо за момент го стопираше трансферот на
Деле Али во ПСЖ, со тоа што од Тотнем не сакаат да ризикуваат додека
Аргентинецот е на рехабилитација.
И покрај таквата
ситуација, се поизвесно е дека Деле Али ќе продолжи на клупата за резерви, дури
нема да биде ниту таму, а додека клубот ја стави неговата иднина на „стенд-бај“,
сигурно дека фудбалерот ќе се соочи со пет месечна фрустрација.
Инаку, „војната“
помеѓу Мурињо и Али кулминираше на воведниот меч од новата сезона во
Премиерлигата каде Тотнем загуби минимално на домашен терен од Евертон, а
фудбалерот од средниот ред беше повлечен од игра уште по првиот дел, меѓутоа
постои дилема околу тоа дали португалскиот фудбалски стратег повлече паметен
потег со оглед на фактот што изминатиов период неговите избраници не ги носат
посакуваните резултати.