Првата ѕвезда на
Саутемптон, напаѓачот Дени Ингс беше позитивен на последното тестирање во
англиската Премиерлига, каде се вршат две тестирања на неделно ниво, а тоа
доаѓа по самиот натпревар со Ливерпул кој Саутемптон токму со голот на Ингс го
доби со 1-0.
Според зборовите
на шефот на стручниот штаб на тимот од „Сент Мери“, Ралф Хазенхутл, не се
исклучува можноста да Ингс бил заразен со ковид-19 за време на натпреварот со
Ливерпул, што отвори големи дилеми на Островот.
„По мечот со
Ливерпул, ние добивме еден позитивен резултат од тестирањето за ковид-19, тоа е
Дени Ингс, за него претстои десет денови самоизолација, тоа значи дека за време
на натпреварот можно е да бил заразен, јас мислам дека тоа е 48 часа пред
позитивниот тест, засега немаме нови заразени“ изјави Хазенхутл во врска со
контроверзниот случај со Ингс кој играше 77 минути на пресметката со Ливерпул,
а неговиот тест за коронавирусот пред самиот меч бил со негативен резултат.
„Тестирањето се
изврши по мечот со Ливерпул, а секако дека постоеше и тестирање пред самиот
натпревар, сметам дека овој одговор е сосема доволен, никогаш не можете да
предвидите вакво сценарио, сепак, сево ова ни покажа дека доколку се
придржувате до предвидениот протокол би можеле да го контролирате ризикот,
токму од таа причина Премиерлигата ни дозволи да играме фудбал“ додаде
Хазенхутл кој претходно се соочи со проблем откако првиот чувар на мрежата од
голот на неговиот тим, Алекс МекКартни доби позитивен резултат од тестирањето
за коронавирус.
Истовремено, до
овие моменти ниту Ливерпул не пријави заразен со коронавирусот, а со оглед на последните случувања на Островот, тамошните фудбалски возбудувања влегоа во една навистина тешка криза со пандемијата, особено по појавата на мутацијата.