Куман не отстапува од идејата, Вајналдум и Депај и натаму остануваат приоритет

by
1 минути читање

Познато е дека
Барселона мошне тешко е погодена од финансиски гледна точка поради пандемијата
со коронавирусот, а сигурно дека Каталонците ќе мораат на еден посебен начин да
бараат адекватни засилувања во својот тим, извесно е дека првично ќе се бараат
фудбалери кои ќе бидат слободни на трансфер пазарот.

Се верува дека
Куман и натаму не отстапува од ангажман на Вајналдум и Депај, неговите
сонародници со кои сака освен на репрезентативен план со Холандија, да
соработува и на клупски план.

Актуелниот
договор на Вајналдум со Ливерпул истекува на лето, а тој уште сега може да
преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис, од друга страна пак,
идентична е ситуацијата и со Депај.

Од друга страна,
истовремено желба е воедно и Ерик Гарсија од Манчестер Сити, тој наводно е
близу преселба на „Камп Ноу“ уште овој месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×