Диего Коста му се понудил на Марсеј, но му ја затвориле вратата

by
1 минути читање

Француските медиуми пишуваат дека Диего Коста му се понудил на Олимпик Марсеј, но веднаш бил одбиен.

Во клубот биле свесни за квалитетите на Диего Коста и верувале дека тој би се вклопил перфектнно во тимот на Андре Вилаш Боаш, но неговиот силен темперамент и големата плата која ја бара биле работите кои го принудле Марсеј да му ја затворат вратата.

Диего Коста во моментов е во Бразил каде тренира и чека агентите да му пронајдат нов клуб. Тој преферира да игра во Европа, се поврзуваше и со Вулвс, но нема ништо конкретно околу тоа. Ако не успее да најде клуб во Европа, големи се шансите да продолжи во Бразил

Можно е и ова да ти се допаѓа

×