Обамамејанг признава дека минува низ тежок период но верува дека головите ќе дојдат

by
1 минути читање

Обамејанг откако го потпиша новиот договор со Арсенал како да не е истиот играч, напаѓачот се мачи, далеку е од посакуваната форма, но верува дека тоа е нормален период кој ќе помине.

„Од почетокот на оваа сезона се мачев многу, но мислам дека ова е дел од фудбалот“, вели Обамејанг.

„Дадовме многу на крајот од минатата сезона за да го освоиме ФА Купот и да се пласираме во Лига Европа бидејќи тоа беше навистина важно за клубот“.

„Понекогаш имате подеми и падови и треба да ги менаџирате колку што можете. Јас се обидувам да го дадам најдоброто но во периодов не играм најдобро“.

„Се уште сум позитивен и мислам дека можам да ги свртам работите кон подобро“.

„Секогаш се обидуввам да го давам најдоброто од себе не само на теренот туку и во соблекувалната“.

„Понекогаш е тешко бидејќи не сте расположени но треба да најдете начин да го промените тоа и да дадете позитивна вибрација на соиграчите“.

„Во моментов играме добро и доколку добиеме уште неколку меча можеме да ја свртиме ситуацијата, најдобрите шест не се многу далеку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×