187
Пред само неколку
дена, Милан лесно славеше над Торино со 2-0 во Серија А, но „росонерите“
вечерва добро се помачија и ги добија „биковите“ дури на пенали.
Избраниците на
Пиоли имаа шанси многу порано да го осигураат пласманот во четвртфинале, но
немаа и среќа, Далот ја погоди рамката од голот, исто како и Калабрија. Потоа
Брахим Диаз имаше голема шанса, но и тој промаши.
Откако мрежите
мируваа и во додатниот половина час, пенал серијата го реши победникот. Tаму
трагичар беше Ринкон, неговиот удар го одбрани Татарушану, играчите на Милан
беа сигурни од белата точка па беше обезбедено оследна рунда во Купот на Италија.