258
Мегваер досега има четири жолти картони, и ако вечерва пожолти против Барнли нема да игра во недела на големото дерби против Ливерпул.
27-годишниот дефанзивец стартуваше на секој натпревар оваа сезона. И покрај ризокот од добивање картон, Солшер изјави дека Мегваер дефинитивно ќе игра вечерва.
„Хари дефнитивно ќе игира, тоа е сигурно, освен ако не се разбуди болен. Нема лесни натпревари во Премиерлигата, не можете тукутака да мислите дека ќе ги освоите трите бода“, вели Солшер.
Со победа вечерва против Барнли, Манчестер јунајтед ќе се одлепи на врвот на табелата со три бода против Ливерпул од ист број на одиграни натпревари.