Плановите на Покетино во ПСЖ ќе го однесат Мбапе полесно до Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Реал Мадрид долго време се поврзува со Мбапе, но ПСЖ не е клуб од кој лесно се купува играч. Весникот „АС“ пишува дека плановите на Покетино може да ја променат играта.

Новиот стратег на ПСЖ за следната сезона во тимот сака да ги донесе Лео Мес и Кун Агуеро, а тоа се двајца играчи кои треба да бидат примамени со големи плати.

За да има финансиски баланс ПСЖ ќе треба да се ослободи од дел од трошоците. Преговорите со Мбапе за нов договор не се одвиваат брзо, напаѓачот тактизира, сака да замине, а клубот ќе треба да му понуди големо богатство за да го задржи.

Поради финансискиот фер-плеј, раководството се чини дека ќе треба да одлучи дали да му понуди голем договор на Мбапе и да го задржи во тимот или да го продаде а таа сума да ја инвестира во Меси, Агуеро и можеби и Серхио Рамос.

Желбата на Покетино се неговите сонародници Меси и Агуеро, „АС“ верува дека тој би се откажал од Мбапе на сметка да ги донесе нив двајца на „Паркот на принцовите“.

Ваквата анализа е радосна вест за Реал Мадрид кој се надева дека во еден таков случај би можел поволно да го купи Мбапе иако тоа секако не би била мала сума, но во него се гледа како долгорочна инвестиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×