Лапорта е главен фаворит за нов претседател на Барселона, поднесе кандидатура со најмногу потписи

by
0 минути читање

Хуан Лапорта поднесе кандидатура со најмногу потписи, вкупно 10,257. Тој изјави: „Одиме со победнички морал но нема фаворити“.

Сепак тој собра повеќе потписи од останатите заедно. 

Неговиот главен соперник, Виктор Фонт кој пред само неколку месеци важеше за фаворит, собра 4,710 потписи.

Другите два кандидати се Тони Фреша со 2,821 потпис и Емили Роусауд со 2,501 потпис.

Имаше уште пет кандидати, но никој од нив не ја помина потребната граница од 2,257 потписи која беше потребна за официјална кандидатура.

Изборите за претседател на Барселона се закажани на 24. јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×