Веројатно ниту
самиот Мухамед Хосеини не претпоставувал дека
неговиот син Арат на свои шест години ќе биде вистинска сензација на
социјалните мрежи, тој има неколку милиони следбеници на „Инстаграм“, а има
повеќе причини зошто е тоа така.
На само
шестгодишна возраст, Арат за момент влезе во центарот на вниманието кај
љубителите на фудбалот ширум светот, најмногу благодарение на неговите
неверојатни вештини со фудбалската топка, а доби пофалби и од првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси за неговиот неверојатен талент, за што Аргентинецот
навести дека Арат веќе испратил сигнал дека е ветувачка ѕвезда во најава.
Дали Ливерпул го
има новиот Меси во светот на фудбалот, проценете самите…