„Доколку дојде до ново стопирање на фудбалот, тој нема да биде истиот каков што сите го знаеме“

by
1 минути читање

И повеќе од
позната е моменталната ситуација на Островот во однос на кризата со пандемијата
со коронавирусот, особено изминатиов период по појавата на мутација на вирусот,
а дополнителната криза придонесе и да се отвори темата за можно повторно
стопирање на фудбалот.

Како и да е, од
Островот неколку пати посочија дека таа тема не е ниту отворена од страна на
фудбалските власти, кои во целост му веруваат на протоколот според кои се одвиваат
тамошните фудбалски возбудувања, а запрашан за евентуалната можност за
стопирање на фудбалот, Нуно Еспирито Санто произнесе загриженост.

Да бидам искрен,
едноставно немам претстава што е подобро во моментов, тоа што јас сметам дека е
сигурно, е тоа дека во случај да се донесе одлука за ново стопирање, фудбалот
онаков каков што сите го знаеме нема да биде истиот
“ рече предводникот на
Вулверхемптон.

Тоа е мојот
најголем страв во моментов, јасно ни е на сите дека распоредот ќе оди во една
луда насока, дури ќе биде и невозможно да се заврши сезоната, ако погледнеме и
од аспект на потребата да се одигра предвиденото Европско првенство
“ додаде
тој, а потоа подвлече дека евентуално такво сценарио би придонело за повторно актуелизирање на темата со Суперлигата во Европа, идеја на гигантите.

Така, јас
чувствувам дека во случај да се донесе одлука за ново стопирање на фудбалот, се

ќе се промени, нов фудбал ќе дојде
пред нас, веројатно повторно ќе се отвори прашањето со Супер лигата, ќе се
даваат и идеи за некои нови натпреварувања, а сето тоа ќе придонесе прашањето
кои клубови ќе опстанат во една таква ситуација, тоа е навистина една доста
тешка одлука
“ заклучи Нуно Еспирито Санто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×