Фудбалерот од
средниот ред на Милан, Франк Кеси вели дека ќе му дозволи на својот соиграч
Златан Ибрахимовиќ да ги преземе ударите од белата точка на своја одговорност
доколку шведскиот ветеран се чувствува подготвен за тоа.
Не така одамна е
промашениот пенал на Ибрахимовиќ против Верона кога ја испрати топката далеку на трибините, па стана мета на потсмев за тоа промашување, а по мечот
Швеѓанецот посочи дека улогата за ударите од белата точка ќе му ги препушти на
Кеси.
„Голема чест ми
претставуваше фактот што Ибра ми ја укажа шансата да ги изведувам пеналите,
доколку во некоја прилика тој се чувствува подготвен за нив, секако дека ќе
може тој да ги изведе“ рече Кеси.
„Понекогаш напаѓачите
имаат голема потреба да постигнат гол“ додаде фудбалерот од средниот ред кој постигна пет погодоци во
новата сезона во ударите од белата точка.