281
Речиси сите тренери на нивните прес конференции беа прашани што мислат за тоа правило. Анчелоти вели дека нема такво правило, но одговори на шега дека ако има би било подобро да не даваат голови, така сигурно нема да слават.
„Искрено нема правило кое вели дека не ни е дозволено да ги прославуваме головите“, вели Анчелоти.
„Навистина стрикно ги почитуваме правилата на Премиерлигата, и доколку ни речат дека не треба да ги прославуваме головите, дека не треба да се гушкаме, тогаш нема да славиме“.
„Или нема да постигнуваме голови и така би било подобро, не? Ако не постигнувате голови, не треба да славите“, со насмевка одговори Анчелоти.
Претходно за истото беа прашани и Гвардиола и Артета.