Правилото да не се гушкаат фудбалерите кога ќе дадат гол тука да прославуваат на растојание за многумина се нелогични со оглед на тоа што играчите се постојано заедно, дишат во исти простории, а при изведувањето на корнерите се залепени подолго до други играчи отколку кога би прославиле при даден гол.
„Да се контролираат емоциите во меч во кој се случуваат многу работи околу вас е многу тешко“, вели Артета.
„При корнерите пример може да го чувате противничкиот играч, да се туркате, а потоа не можете на некој да го гушнете и да му кажете здраво“.
„Станува малку контроверзно и тешко за разбирање“.
Слично размислува и Пеп Гвардиола.
„Ги прочитав новите протоколи. Ќе ги следиме, но кога некој ќе даде гол, не знам дали ќе мже да се контролира и да не го прослави“, вели Гвардиола.
„Не знам што ќе се случува, не знам дали некој кој ќе постигне гол дали ќе може да помисли дека не може да ги гушне своите соиграчи на две-три секунди“.