Реал Мадрид за Јовиќ плати повеќе од 60 милиони евра, 23-годишниот напаѓач важеше за голем талент кој требаше да има светла иднина во кралскиот клуб, но наместо тоа стана разочарување.
Јовиќ во последната сезона за Ајнтрахт постигна 27 голови на 48 натпревари, но Србинот за Реал Мадрид погоди само двапати на 32 меча откако е дојден.
Зидан му даваше шанси на Јовиќ, но тој никогаш не заигра како што се очекуваше, напаѓачот веќе ја загуби довербата на тренерот, па се поретко е во комбинација за настап.
На разочарувачката статистика се надоврзуваат и испадите кои на Јовиќ му се случуваат надвор од теренот.
Српскиот фудбалер станува свесен дека за него нема иднина во Реал Мадрид, па „Марка“ пишува дека тој посакува да си замине, да оди во клуб каде ќе игра повеќе бидејќи само така може да напредува во кариерата.