Артета: Не следам твитер, но не сум изненаден од Озил

by
1 минути читање

Озил ги повика фановите да му поставуваат прашања на твитер, а тој вечерва ќе одговори на дел од нив. Фудбалерот потенцираше дека ќе зборува за минатото, сегашноста и иднината со што даде дознаење дека може да открие дали ќе замине или ќе остане во Арсенал.

„Според тоа колку што јас знам, ништо не се променило од минатата прес-конференција. Еду и клубот имаат некои дискусии за блиската и далечната иднина. Кога ќе имаме нешто ново ќе соопштиме“, вели Артета.

„Не следам твитер. Знам дека Месут и во минатото одговарал на прашања на фановите. Тој го прави тоа со фановите за да бидат информирани, па не сум изненаден“.

„Секогаш е тешко да се носите со ситуацијата кога сте надвор од составот, беше тешко за сите. Треба да ги држите играчите мотивирани, и кога тие ќе се почувствуваат спротивно на тоа настанува проблем, ние се трудиме да го менаџираме тоа на најдобар можен начин“.

„Можеме да ги решавме ситуациите на еден или друг начин. Кога го отстранив него од тимот знаев какви последици може да настанат. Треба да се бориме за најдоброто решение и за фудбалерот и за клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×