За прв пат по 2012/13, кога „ѓаволите“ со Фергусон станаа шампиони, клубот од Олд Трафорд е инволвиран во битка за титулата во овој период од сезоната.
Само за споредба, лани ова време, Манчестер јунајтед заостануваше речиси 30 бода зад Ливерпул, а сега има прилика да ги скокне „црвенит“ на тaбелата и за прв пат по август 2018 да бидат лидери во Премиерлигата.
„Одлично е тоа што фановите се возбудени, но не сме ни до половина од сезоната“ – вели Оле Гунар Солшер.
„И секој натпревар во Премиерлигата е предизвик и тест. Секој натпревар е различен тест. Вотфорд не стави на тест, Барнли ќе не стави на тест, Ливерпул е друг тест, а Фулам сосема трет тест“.
„Никој нема да памти каква била табелата на 12. јануари 2021 година“.