322
Атлетико Мадрид се очекува во јануари да го купи Муса Дембеле од Лион. Самиот напаѓач побарал да го промени клубот.
„Муса дојде да ме види. Тој смета дека сега е моментот да го промени тимот, вели дека загубил дел од мотивацијата“, открива Жунињо.
„Ова е нешто што не го очекувавме. Ми се допаѓа многу, но да задржувате некој кој сака да си оди и не би играл во најдобра форма во наредните месеци, не е добро“.
„Во преговори сме со Атлетико и мислам дека тој веќе и ги договори личните услови со нив“.