Фудбалските ѕвезди имаат милиони следачи на социјалните мрежи и најголемиот дел од нив не ни контактираат со обични луѓе кои не ги познаваат.
Но магијата на ФА Купот го направи и тоа да Герет Бејл сподели твит од навивач на Марин.
Стадионот на ФК Марин е мал, собира околу 3.000 гледачи, неговата конструкција овозможува натпреварите да се гледаат и од соседните згради. Синоќа од речиси сите прозорци се гледаше натпреварот против Тотнем.
„Го гледам Герет Бејл потпирајќи се на мојот прозорец. Нерелано“, гласеше твитот на извесен Кристофер.
Герет Бејл го ретвитна овој твит, па Кристофер само на својот твит доби преку 170 илјади лајкови и десетици илјади ретвити, бројка која не можел да ја замисли претходно.
— Gareth Bale (@GarethBale11) January 10, 2021