230
Астон Вила има позитивни случаи на ковид-19, натпреварот од ФА Купот го одигра со младинци, загуби од Ливерпул со 4-1, но постои шанса нивниот меч против Тотнем од Премиерлигата да биде одложен.
По мечот против Марин, Мурињо беше прашан дали ќе се игра мечот против Астон Вила во среда, тој одговори: „Да. Никој не ми кажал дека нема да се игра па ние ќе почнеме да се подготвуваме за натпреварот се додека некој не ни каже поинаку“.
Мурињо рече дека не и сакал натпреварите да им бидат одложувани бидејќи нема кога да се одиграат со оглед на тоа дека Тотнем настапува и во Лига Европа.