Дибала и Мекени се повредија, Пирло се надева дека нема да ги загуби на подолго

by
1 минути читање

Јувентус го победи Сасуоло со 3-1, но во првото полувреме ги загуби Дибала и Мекени кои се повредија.

Пирло веќе има играчи кои се во аут поради ковид-19, па не сака да му се намали ростерот и поради повреди.

„Дибала доби удар на лигаментите од внатрешната страна на коленото, во наредните денови ќе ја следиме ситуацијата, се надевам дека не е страшно. Мекени од претходно имаше проблем со мускулот, сега доби удар, почувствува болка и не сакавме да ризикуваме“, изјави Пирло по мечот.

Во текот на утрешниот ден на двајцата фудбалери ќе им бидат направени детални лекарски прегледи по кои точно ќе се знае нивната дијагноза и тежина на повредите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×