166
Јувентус дојде до трите очекувани бода, но ова не беше натпревар кој ќе го паметат, во првото полувреме им се повредија Мекени и Дибала кои предвреме го завршија мечот.
Резултатот беше отворен по пет минути игра кога Данило погоди за 1-0. Сасуоло иако беше со играч помалку не се предаваше, во 58. минута Дефрел го изедначи резултатот на 1-1.
Јувентус се мачеше да го врати водството, тоа конечно се случи во 82. минута кога Ремзи погоди по асистенција од Фработа.
Во судиското продолжение гол даде и Кристијано Роналдо за конечни 3-1.