Мурињо конечно е задоволен од Деле Али

by
1 минути читање

Деле Али беше стартер во ФА Куп мечот против Марин и на теренот остана до 65. минута, создаде повеќе шанси за гол, а беше асистент на првиот погодок на Винисиус во победата од 5-0.

„Многу сум среќен поради неговот однос во натпреварот, се разбира дека не сакавме да ризикуваме многу. Теренот беше малку опасен и нивниот ентузијазам можеше да ги доведе во ризик нашите фудбалери кои требаше да креираат, но среќен сум, покажа добар професионализам, добра динамика, тој и Жедсон креираа шанси и навистина сум задоволен од перформансите“, вели Мурињо.

„Се разбира дека ова не беше меч на кој може да се мери квалитетот, но професионализмот и однесувањето, многу сум среќен со тоа, нема да бидам изненаден ако настапи во среда во Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×