Мурињо изостави неколку свои клучни играчи, но состави солиден тим со кој му се спротивстави на осмолигашот Марин.
Во воведниот дел од мечот Марин пружата отпор, дури ја имаа и првата сериозна шанса, но шутот заврши во пречката од голот на Харт.
Резултатот беше отворен во 24. минута кога по асистенција од Деле Али, Карлос Винисиус даде гол за водство од 1-0.
Шест минути подоцна тој даде и втор гол зголемувајќи го водството на 2-0, а во 32. минута Лукас погоди од слободен удар за 3-0.
На осум минути до крајот на првото полувреме Винисиус погоди уште еднаш и го постигна својот прв хет-трик во дресот на Тотнем.
Во вториот дел Мурињо го стави во игра Елфи Девајн кој 15 минути откакао влезе постигна гол и стана најмладиот стрелец во историјата на Тотнем. Има 16 години и 163 дена.
До крајот од мечот, Тотнем само искусно си одработе чувајќи ги силите за други предизвици.