Осмолигашот Марин продаде 15.000 виртуелни билети за мечот со Тотнем, а целта им беше 600

by
1 минути читање

Магијата на ФА Купот се гледа и на мечот меѓу Марин и и Тотнем и покрај тоа што тој се уште не е почнат, а не е ни важно како ќе заврши.

Осмолигашот е веќе хит во Англија, бидејќи се наоѓаат во градот Ливерпул имаат помош од Џејми Карагер но и од ФК Ливиерпул кој им помага во анализите за Тотнем.

Пандемијата на коронавирус не им дозволи да го наполнат стадионот кој им собира нешто повеќе од 3.000 гледачи, па се одлучија да понудат виртуелни билети за оние кои сакаат финансиски да им помогнат.

Целта им беше да продадат 600 билети, но денеска објавија дека продале 15.000.

Му се заблагодарија на Тотнем бидејќи и Жозе Мурињо беше еден од оние кои купија билети за натпреварот со што им направи убава промоција за зголемување на продажбата.

Марин е мал клуб, но не е млад, создаден е уште во 1894 година, а овој ден кога играат со Тотнем ќе биде запишан во нивната историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×