411
Ибрахимовиќ имаше свое шоу на загревањето кое камерите го уловија. Швеѓанецот е познат по своите нереални кунг-фу потези на натпреварите типични само за него, сега во тој стил и се подготвуваше за влез во мечот.
Имено, Ибра ја префрлуваше ногата над тренерот на Милан кој беше задолжен за загревање на резервите во тимот. Сигурно не е пријатно да сте во кожата на човекот, но за негова среќа Ибрахимовиќ не греши.