167
Реал Мадрид не успеа да ги освои трите бода од гостувањето на кое едвај отпатува поради снежната бура во Мадрид.
И на теренот на Осасуна имаше снег, но имаше услови за игра. Сепак мечот беше далеку од добар, само со неколку шанси, и два поништени гола за Реал Мадрид поради офсајд.
Реал Мадрид сега има само три бода повеќе од Барселона, а еден помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој сепак има и три меча помалку.