265
Расте интересот за 18-годишниот американски дефанзивец, покрај Јувентус за него од претходно има интерес од Клуб Бриж и Рома.
Јувентус испратил понуда од седум милиони евра, но за овој трансфер ќе го вклучи и Беневенто бидејќи италијанскиот шампион веќе ја има пополнето квотата за ангажман на играчи надвор од границите на ЕУ.
Беневенто треба да го купи Рејнолдс и да го има шест месеци по што ќе има обврска да му го продаде на Јувентус.
Тоа ќе биде некој вид на неофицијална шестмесечна позајмица, но официјално Беневенто ќе мора да го купи дефанзивецот, па во јуни да му го продаде на Јувентус.