Ливерпул им се приклучува на Милан и Лајпциг во трката по Симакан

by
1 минути читање

Стразбур бара 20 милиони евра за 20-годишниот централен дефанзивец, Мохамед Симакан.

Според италијанските медиуми Милан и Салцбург беа најзаинтересираните клубови за фудбалерот.

Милан нуди 15 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси, но Страсбург сака 18 милиони евра плус 2 милиони евра во обонуси.

Лајпциг е подготвен да ја изедначи понудата плус да додаде провизија од следниот трансфер што може да биде клучно во преговорите.

„Телефут“ пишува дека и Ливерпул се приклучува во трката, црвените ја следат ситуацијата и наскоро би можеле да испратат конкретна понуда.

Клоп има сериозни дефанзивни проблеми, па клубот сака да ја засили оваа позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×