323
Бензема ќе мора на суд да докажува дека не му правел притисок на Валбуена да им ја плати бараната сума на уценувачите кои му се заканувале на фудбалерот дека имаат секс снимка со него која ќе ја пуштат во јавноста.
Покрај Бензема уште четворица обвинети треба да се појават пред судот за овој случај.
Тој беше отстранет од француската репрезентација кога овој случај се појави во јавноста.
Настанот се случил додека Бензема и Валбуена беа во составот на Франција за СП 2014.