161
Трајковски беше стартер на мечот, Мајорка со убав гол на нашиот репрезентативец од далечина во 11. минута поведе со 1-0.
Македонецот од игра беше изваден во 81. минута кога резултатот беше 1-1.
Во продолженијата Фуенлабрада поведе со автогол, а на пет минути до крајот Мајорка успеа да изедначи на 2-2 и да го однесе мечот на пенали.
Во возбудлива пенал серија со по осум пенали, Мајорка промаши двапатии, Фуенлабрада еднаш и тие ќе одат во следната рунда од Купот на Шпанија.