Четири можни дестинации за Рамос ако не го продолжи договорот со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Преговорите меѓу Реал Мадрид  Серхио Рамос за нов договор не се одвиваат онака како што посакуваат навивиачите на кралскиот клуб и реална е можноста тие да останат без својот прв капитен од следната сезона.

Се шпекулира дека Реал Мадрид повеќе е насочен кон ангажман на Алаба отколку продолжување на договорот со Рамос.

Серхио Рамос од овој месец може и официјално да преговара со заинтересирани клубови за неговите услуги, а низ медиумите се шпекулира со четири опции, тоа се ПСЖ, Манчестер Сити, Ливерпул и Јувентус.

И ПСЖ и Манчестер Сити беа посочени како клубовите кои можат да ги обединат Лео Меси и Серхио Рамос во еден клуб. 

Ливерпул има проблеми со дефанзивата оваа сезона, тимот на пазарот ќе бара централни дефанзивци, а Серхио Рамос е една од метите во последно време.

Јувентус е шампион кога станува збор за ангажман на фудбалери на кои им истекува договорот, па не смее да се отфрли ниту можноста за повторно обединување на Рамос и Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×