Солшер: Немаме психолошки проблем кога ќе дојдеме до полуфинале

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед под водство на Солшер четири пати играл во полуфинале, но никогаш не го поминал.

„Не се работи за психолошки проблем. Понекогаш во полуфиналињата имате силни противници, а ние не направивме доволно за да поминеме. Се сретнавме со можеби најдобриот тим во Англија во моментов и едноставно не бевме доволно добри“, вели Солшер.

„Сакавме да одиме во финале, сакавме да одиме до крај бидејќи тоа ќе ни ја зголемеше самодовербата. Но не се случи и разочарани сме поради тоа“.

„Но мора ова брзо да го заборавиме бидејќи ивеќе во саботоа играме ФА Куп, потоа не чекаат тешки натпревар во Премиерлигата против Барнли и Ливерпул, па за еден месец почнува и Лига Европа. Има уште многу за играње“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×