Јувентус му го нанесе првиот пораз на Милан и се испречи на патот до рекордот на Барса (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан го забележа
првиот пораз оваа сезона, избраниците на Пиоли вечерва дома загубија во дуелот
со шампионот Јувентус. Повредите и ковид-19 им создаде многу проблеми на „росонерите“,
Калабрија принудно играше во среден ред, Јувентус знаеше како тоа да го искористи
и стигна до триумф од 1-3.

Резултатот беше
отворен во 18. минута, Дибала убаво со пета го проигра Киеза, кој биеше
прецизно по земја за 0-1. Милан сепак успеа да одговори пред крајот на првиот
дел, Калабрија донесе 1-1.

Киеза повторно
стапи на сцена во продолжението од мечот, доби топка од Дибала на работ од шеснаесетникот, си направи простор за
шут покрај Тео Ернандез и со лева погоди на подалечната статива за 1-2 во 62. минута.

Сите дилеми беа
решени во 76. минута кога Кулушевски го проигра Меккени а фудбалерт од САД
рутински од пет метри го матираше Донарума.

Па Јувентус му го
нанесе првиот пораз на Милан оваа сезона, а стави и крај на серијата од два или
повеќе погодоци и се испречи на патот до рекордот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×