Манчестер Сити ја доби градската битка против Јунајтед и закажа финале против Тотнем (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Манчестер Сити е вториот финалист во Карабао купот, граѓаните беа подобар противник вечерва на Олд Трафорд и дојдоа до триумф кој ги однесе на чекор до трофеј.

Резултатот го отвори Стоунс по пет минути игра во второто полувреме, а во 83. минута Фернандињо со удар од далечина ги постави конечните 2-0.

Синоќа Тотнем го совлада Брентфорд со 2-0, па во финалето кое најверојатно ќе се одигра во април, ќе гледаме битка меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×