Луди сцени во Белгија: Дојде на тренинг со дрес на големиот ривал, обезбедувањето не го пушти (ФОТО)

by
1 минути читање

Камерунецот Дидје Ламкел Зе сака да се пресели во Панатинаикос, Антверпен не го пушти, па фудбалерот реши да си ја проба среќата правејќи скандал.

Во понеделникот тој на тренинг се појави со дрес на големиот ривал Андерлехт, но обезбедувањето не го пушти да влезе во тренинг центарот.

Следниот ден приреди нови луди сцени, се појави со дрес на лутиот градски ривал Бершот.

На крајот следеше пресврт, Дидје Ламкел се извини за своите постапки и дури се понуди на тренерот да помогне доколку треба и да го облече дресот на Антверпен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×