187
Исто како и Јувентус и Милан нема да може да смета на двајца свои фудбалери поради коронавирус.
Милан соопшти дека Ребиќ и Круниќ се позитивни на ковид-19, немаат симптоми и се во домашна изолација.
Претходно Јувентус соопшти дека позитивни кај нив се бековите Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.
Проблемите за Пиоли се поголеми бидејќи покрај Ребиќ и Круниќ тој нема да смета и на суспендираниот Тонали и повредените Ибрахмовиќ, Салемакерс, Бенасер и Габиа.
Добра вест за Јувентус е што останатите тестови на играчите се негативни и тие веќе отпатуваа за Милано каде вечерва го играат дербито со Милан.