Жиру е убедливо најдобриот напаѓач на Челси и тие сакаат да го задржат до крајот на сезоната

by
1 минути читање

Постојано се шпекулира за заминување на Жиру, францускиот напаѓач сака да поминува повеќе време на теренот, а интерес за него има од неколку италијански екипи.

Сепак, Челси сакаат да го задржат до крајот на сезоната, тие стануваат свесни дека тој им е најдобриот напаѓач и Лампард е подготвен да му даде поголема минутажа.

Статистиката вели дека во изминатата календарска година, Жиру постигнал 18 голови, за еден гол во просек му биле потребни 96 минути.

Втор е Абрахам со 12 голови, а во просек за постигнат гол му биле потребни 171.

Останатите на листата се многу полоши, Вернер, Пулишиќ, Хадсон Одои, а шести е Вилијан кој за Челси играше само до јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×