Синоќа Алекс Сандро беше позитивен на ковид-19, а денеска нов случај е Хуан Квадрадо.
Докторот Роберто Тести кој е од локалните здравствени власти во Торино, изјави дека е можно да не дозволат патување на Јувентус во Милано доколку се појават нови случаи на заразени фудбалери.
Но сега, ковид проценителот на регионот Пиемонт, Матео Марнати уверува дека нема да дојде до блокада.
„Зборував со д-р Тести тој ми рече дека се уште не е донесена никаква одлука, и ситуацијата не изгледа сериозно. Има точен протокол и два случаи не се доволно за ургентна интервенција. Дури и пет случаи на ковид не се доволни за ургентна интервенција од тој тип. Па ве уверувам дека мечот меѓу Милан и Јувентус 99,9 проценти ќе се игра утре“, вели Матео Марнати.